петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Фудбал

Врвен фудбалер, но уште подобар човек: Поради овој хуман потег, на Меси му се поклонува цел свет

Врвен фудбалер, но уште подобар човек: Поради овој хуман потег, на Меси му се поклонува цел свет

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси е еден од главните донатори за изградба на центар за деца болни од рак во болница во Барселона.

Неговата хуманитарна фондација заедно со уште неколку други донатори ја почнаа акцијата за изградбата на центарот кој ќе чини околу 30 милиони евра. Градежните работи треба да почнат многу брзо и тој да биде комплетно готов на пролет 2020 година.

Фудбалерот беше очигледно емотивен на свеченоста и доби огромен аплауз и овации од присутните.

-Ова е прекрасен момент за мене, да бидам дел од еден ваков проект и да го видам како носи резултат. Сакам да им се заблагодарам на сите што учествуваа и покажаа интерес за овој проект. Се надевам дека сите деца ќе можат да ја продолжат битката против ракот. Навистина сум пресреќен што сум дел од овој сон, изјави Меси.

Новиот центар ќе може да третира околу 400 деца годишно, што е околу 30 отсто од сегашниот капацитет на болницата Сант Жоан де Деу во Барселона во чиј склоп ќе биде овој центар.

Зградата ќе биде со простор од 13.000 квадратни метри и ќе биде поставена веднаш до болницата, а ќе бидат поврзани со ходник-коридор.

Коронавирус