петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 30
home Фудбал

Вртоглава милионска сума на пари: Еве колку ќе добие македонската репрезентација ако се пласира на Европското првенство

Вртоглава милионска сума на пари: Еве колку ќе добие македонската репрезентација ако се пласира на Европското првенство

Историскиот натпревар кој ќе го игра македонската фудбалска репрезентација на 12 ноември во Грузија може да ни донесе прв пласман на едно Европско првенство во најпопуларниот спорт, но и огромна финансиска добивка, објавува Спортманија.

Премијата од УЕФА за пласман на Евро 2020 е 9,25 милиони евра, што е поголема заработка од таа која ја дава ФИФА ако се пласирате на Светско првенство. Победа во Грузија за ФФМ значи добивка од над 9 милиони евра, но тоа може и да не биде сè.

Ако Македонија игра на ЕП, за секој бод таму против Австрија, Украина и Холандија ќе добие 750.000 евра, а за победа се добива 1,5 милиони евра.

Прво да го минеме дуелот во ноември со Грузија, а потоа во јуни атак на Букурешт и Амстердам за надминување на границата на приходи од 10 милиони евра.

Коронавирус