вторник, 4. август 2020. Вести денес: 145
home Фудбал

Враќањето на Серија А е на повидок!

Враќањето на Серија А е на повидок!

Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора е оптимист во врска со продолжувањето на сезоната во италијанскиот фудбал.

Фудбалерите полека се враќаат на тренинзите по пандемијата на коронавирус, а конечната одлука за продолжување на сезоната ќе биде донесена на 28 мај.

Министерот Спадафора е оптимист и верува дека сезоната ќе продолжи.

„Разбирам дека фудбалерите сакаат да играат. Тие покажаа голема одговорност во минатото, но мора да бидеме внимателни. Објавивме протокол што дозволува групен тренинг. За тоа добивме зелено светло“, рече Спадафора.

Во понеделник, Спадафора ќе добие протокол за продолжување од Фудбалската асоцијација на Италија и има многу оптимизам за сè.

„Јас сум оптимист. Фудбалот не може да запре ако сè друго се врати во живот. Тоа е страста и животот на сите Италијанци. Јас дури и не сакам да замислам каде би биле без тоа“, рече Спадафора.

Тековниот план за продолжување на сезоната е на 20 јуни, а сè ќе се знае точно шест дена по средбата на Спадафоре со лидерите на Федерацијата и лигата.

Коронавирус