недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 91
home Фудбал

Возбудлива завршница на Шпанската Примера Дивизија

Возбудлива завршница на Шпанската Примера Дивизија

Денеска во ист термин се играа сите натпревари од претпоследното коло во шпанската Примера.

Малку фалеше да се промени табелата на врвот, но Атлетико Мадрид се спаси во финишот од мечот и со гол на Суарез дојде до победа која може да биде клучна за трофејот.

Атлетико Мадрид имаше многу шанси за гол, но во 76. минута се случи шок на „Ванда Метрополитано“, Будимир погоди за водство на Осасуна од 1-0.  Во 82. минута Лоди го изедначи резултатот на 1-1, а Суарез во 88. минута постигна гол за пресврт и победа на Атлетико Мадрид од 2-1.

Реал Мадрид со гол на Начо во 68. минута победи на гостувањето кај Атлетик Билбао и до последното коло ќе се надева на трофејот. Барселона со победите на Атлетико и Реал ги загуби сите шанси за трофејот, но и тие самите беа поразени денеска од Селта. Меси го отвори мечот, но со два гола на Мина, Селта направи комплетен пресврт и дојде до триумф од 2-1 на Камп Ноу.Во последното коло Атлетико Мадрид му гостува на Ваљадолид кој се бори за опстанок, а Реал Мадрид го пречекува Виљареал.

Атлетико Мадрид е прв со 83 бодови, Реал Мадрид има 81. Во случај на ист број бодови кралскиот клуб ќе ја освои титулата. Тоа значи дека тимот на Симеоне ќе мора да го совлада Ваљадолид ако кралевите бидат подобри од Виљареал, бод на Атлетико нема да му биде доволен.

ЕУРО 2020

Македонија