сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Војна меѓу најтрофејните: Јунајтед му го украде на Ливерпул „новиот Бекам“

Војна меѓу најтрофејните: Јунајтед му го украде на Ливерпул „новиот Бекам“

Веднаш по трансферот на Рафаел Варан, Манчестер Јунајтед повторно ја потресе англиската фудбалска јавност со договорот што го постигна со 16-годишниот Итан Енис.

Можеби ова немаше да помине со толкава помпа ако не стануваше збор за фудбалер на најголемиот ривал Ливерпул чиј член беше Енис до минатата сезона. За квалитетите на младиот фудбалер најдобро зборува фактот што иако е 16-годишен, тој игра во У18 лигата на Англија и последната сезона постигна два гола и една асистенција.

Во Англија, Енис веќе доби прекар „новиот Бекам“ поради стилот на играта и своите технички перформанси.

Коронавирус