понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 94
home Фудбал

Во случај на манифестации на расизам на СП 2018, судијата има право да го прекине натпреварот

Во случај на манифестации на расизам на СП 2018, судијата има право да го прекине натпреварот

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, соопшти дека организацијата сериозно ќе ги потисне обидите за манифестации на расизам за време на Мундијалот во Русија.

– Имаме јасни препораки во случај на манифестации на расизам. Судијата има право привремено да го прекине натпреварот, па дури и да донесе одлука да не се доигра. Благодарение на системот за следење, ќе следат непосредни санкции. Се разбира, ние не сакаме да се случи тоа. За сериозните последици сите се предупредени, изјави Инфантино.

Светското првенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули

Коронавирус