сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 41
home Фудбал

Во Шкупи оптимисти пред реваншот со Глазгов Ренџерс

Во Шкупи оптимисти пред реваншот со Глазгов Ренџерс

Фудбалскиот клуб Шкупи, предреванш натпреварот против Глазгов Ренџерс од првото квалификациско коло за Лига Европа, денеска одржа прес-конференцијата.

По првиот натпревар во Шкотска, тимот на Стивен Џерард доаѓа во Скопје со предност од 2:0, а од македонскиот клуб изјавија дека се оптимисти и најавуваат максимална борба во реванш натпреварот.

– Немавме доволно време да анализираме што и како се случуваше во Глазгов, затоа што реваншот е само по пет дена, а ние имавме само два-три дена да тренираме. Противникот има предност тука нема дилеми, но ние ќе се бориме до максимум. Ако дадеме гол во првото полувреме се е можно. Тактички одигравме одлично со Глазгов и од таа гледна точка можам да кажам дека посакувам и да се подобриме, наведе тренерот на Шкупи, Зекирија Рамадани.

Капитенот Суат Зендели, како и тренерот, повтори дека секој спортист е оптимист и се надева дека Шкупи може да се избори за пресврт.

– Сега знаеме со кого играме, претходно ги знаевме само по анализи и по име. Како спортист секој посакува успех, па така и ние на овој меч веруваме во себе. Ние доаѓаме од мала земја, но покажавме дека имаме квалитет и со гордост настапуваме за овој клуб. Ниту јас, ниту било кој друг настапува како индивидуа, туку како колектив, и така и се однесуваме на теренот. Само како тим можеме да успееме, истакна Зендели.

Реванш натпреварот меѓу Шкупи и Ренџерс ќе се одигра утре на „Телеком арената“ со почеток од 17:55 часот.

(Миа)

Коронавирус