четврток, 6. август 2020. Вести денес: 7
home Фудбал

Во новиот договор на Чави со Ал Сад има опција да замине во Барселона

Во новиот договор на Чави со Ал Сад има опција да замине во Барселона

Тренерот на катарскиот клуб Ал Сад, Чави потпиша нов договор со важност до крајот на сезоната 2020/21.

Во исто време, договорот на 40-годишниот Каталонец има клаузула што ќе му овозможи да замине за Барселона, пренесува „Ел Мундо Депортиво“.

Поранешниот капитен на Барселона го предводи тимот од Доха од 2019 година, откако мина четири сезони во клубот како играч. Под негово водство, екипата го освои 3. место во националниот шампионат.

Коронавирус