петок, 14. мај 2021. Вести денес: 27
home Фудбал

Во Неапол победата над Јувентус се славеше како титула: Улиците гореа, фудбалерите на Наполи добија спектакуларен пречек (ВИДЕО)

Во Неапол победата над Јувентус се славеше како титула: Улиците гореа, фудбалерите на Наполи добија спектакуларен пречек (ВИДЕО)

Наполи 28 години ја нема освоено титулата во Калчото, последен пат Наполи беше шампион во времето кога најдобар играч на овој тим беше легендарниот Диего Армандо Марадона.

Оваа година тимот е најблиску до трофејот од било кога после таа титула.

Наполи вчера победи со 0:1 во Торино против Јувентус, иако оваа победа не ги однесе на првото место, сепак фановите на овој тим го запалија својот град и оваа победа ја прославија како веќе титулата да е освоена.

Погледнете го голот на Кулибали, кој го разниша тронот на Јувентус како никогаш во последните пет години:

Малку е да се каже дека овој гол на Кулибали предизвика делириум во Неапол, фановите ги преполнија улиците и таму останаа до раните утрински часови.

Фудбалерите на Наполи добија пречек како веќе да се шампиони на Италија, иако наполитанците и покрај оваа победа остануваат на второто место на табелата, но сега со само 1 бод помалку од Јувентус.

Колкава радост кај фановите на Наполи донесе голот на Кулибали покажуваат видеата кои беа објавени на социјалните мрежи.

На четири кола до крајот на сезоната во Серија, Јувентус се уште е на првата позиција со 85 бода и еден повеќе од второпласираниот Наполи, но и со значително потежок распоред од крајот на сезоната.

Имено, Јувентус во последните четири кола има две тешки гостувања кај Интер и Рома и два натпревари на домашен терен против Болоња и Верона, а тука секако е и натпреварот од финалето на Купот против Милан.

И распоредот на Наполи до крајот на сезоната е далеку од тоа дека може да се рече лесен, меѓутоа е полесен од оној на Јувентус, тие следното коло гостуваат кај Фиорентина, па на домашен терен го пречекуваат Торино, па гостуваат кај незгодниот домаќин Сампдорија, а најлесниот ривал им е во последното коло, на Сан Паоло им доаѓа Кротоне, кој пак грчевито се бори за опстанок во елитната лига  во Италија.

На четири кола од крајот се е во рацете на актуелниот шампион Јувентус. Фудбалска Италија сигурно е среќна што по неколку години пауза конечно на Чизмата има вистинска битка за тронот.

Коронавирус