понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 168
home Фудбал

Во Манчестер сити четворица позитивни на коронавирус

Во Манчестер сити четворица позитивни на коронавирус

Премиерлигашот Манчестер сити обелодени попладнево четири позитивни случаи на коронавирус во своите редови, меѓу кои се двајца фудбалери.

-Манчестер сити може да потврди дека Габриел Жезус и Кајл Вокер, како и двајца други претставници на клубот, се позитивни на Ковид-19, објави премиерлигашот на својот официјален сајт.

-Сите четворица ќе останат во самоизолација, согласно протоколот за карантин на Премиерлигата и британската Влада, наведе клубот.

Жезус и Вокер ќе ги пропуштат премиерлигашките натпревари против Њукасл, Евертон и Челзи, како и полуфиналето против градскиот ривал Манчестер јунајтед во Карабао купот.

Коронавирус