вторник, 3. август 2021. Вести денес: 174
home Фудбал

Во Манчестер и дефинитивно размислуваат за продажба на Марсијал – постои еден услов

Во Манчестер и дефинитивно размислуваат за продажба на Марсијал – постои еден услов

Пред извесен период, новинарот Данкан Кастл откри дека Јунајтед го понудиле Ентони Марсијал на Реал Мадрид, но се уште ништо официјално околу таа шпекулација.

Сега нешто слично најавува Дин Џонс, кој верува дека Јунајтед размислува да го продаде Марсијал доколку во клубот пристигне соодветна понуда.

Со доаѓањето на Санчо во Манчестер, конкуренцијата во нападот расте, тука се Рашфорд, младиот Гринвуд, ветеранот Кавани, па несомнено дека секој ќе мора да се избори за својата позиција.

„Јунајтед несомнено ќе го продаде Марсијал доколку дојде соодветна понуда. Да бидеме искрени, Марсијал ова лето може да биде продаден, па доколку Реал го купи Мбапе ова лето, голема е веројатноста Марсијал да биде продаден во ПСЖ“, смета Дин Џонс.

Марсијал минатата сезона немаше баш задоволителна статистика во рамки на клубот, навивачите почнаа да губат верба во него, а на исто размислување е и Јунајтед, кој очигледно во Марсијал гледаат одредена нестабилност и неконстантност која сигурно не им е потребна.

Коронавирус