понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 174
home Фудбал

Во Италија почнаа истрага против Лацио

Во Италија почнаа истрага против Лацио

Италијанската фудбалска федерација почна истрага против Лацио за можни прекршувања на здравствениот протокол во клупската база.

Фудбалерите на Лацио кои се подготвуваат за утрешниот натпревар во Лигата на шампионите против Зенит, се под истрага за напуштање на клупската база без дозвола на властите.

Италијанската фудбалска федерација има за цел да ја провери исправноста на тестовите за Ковид-19 извршени во изминатите денови на клубот.

Лацио патува за Русија без клучни играчи како Чиро Имобиле, Луис Алберто, Лукас Леива, Томас Стракоша и Мануел Лаџари. (МИА)

Локални избори 2021