петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Фудбал

Во Баерн задоволни од постигнатото во 2017

Во Баерн задоволни од постигнатото во 2017

Извршниот директор на Баерн (Минхен), Карл-Хајнц Румениге во традиционалното божиќно обраќање кон навивачите ја опиша годината која изминува како успешна за Баварците и изрази огромната благодарност кон Јуп Хаинкес кој го „препороди“ тимот, откако се врати на тренерската позиција на местото на отпуштениот Карло Анчелоти.

– Можеме да бидеме задоволни од 2017 година. Во текот на летото прославивме петта последователна титула во Бундеслигата – тоа е историско достигнување! Таква доминација на Баерн немало ниту во „златната ера“ од 70-тите. И ние сме подготвени да продолжиме оваа серија вели Руменгеге.

Седма последователна година сме есенски шампион, во Лигата на шампионите и Купот на Германија исто така се движиме по план. Затоа сакам од срце да им се заблагодарам на тимот, додаде Румениге.

Тој изрази посебни благодарност кон Јуп Хаинкес и тренерскиот штаб.

– Јуп создаде неверојатен пресврт. Со него добивме 15 од 16 можни натпревари. Уверен сум дека по зимската пауза тој ќе продолжи да го развива тимот. Би сакал да се заблагодарам и на Карло Анчелоти, кој кон крајот на минатата сезона ни ја донесе веќе споменатата петта последователна титула, додаде Румениге.

Коронавирус