понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 150
home Фудбал

Во 2019 Интер најмногу растел на социјалните мрежи

Во 2019 Интер најмногу растел на социјалните мрежи

Од европските клубови со најмногу следбеници најголем пораст на популарните фоловерс забележал италијански Интер за дури 63,7 проценти.

Во истражувањето направено од IQUII Sport се опфатени дваесетте најпопуларни европски клубови на Стариот континент.

Промените во клупската управа со влегувањето на Suning, ангажирањето на Антонио Конте за тренер, добрите резултати и борбата за Скудето сезонава, како и лансирањето на популарните интернет кампањи #NotForEveryone и #Buu (Brothers Universally United) од страна на новата Inter Media House направија бум во црно-синиот свет на интернет. Порастот на следбеници на Интер на социјалните мрежи е неверојатни 63,7 проценти, скоро 20% повеќе од второпласираниот Тотенхем.

Трет е актуелниот европски шампион Ливерпул, а во првите пет се уште и Јувентус и ПСЖ.

извор: kajgana.com

Коронавирус