Фудбал јувентус

Влаховиќ му платил на соиграч од Јуве 100.000 евра како би го спасил од коцкарски долгови

Душан Влаховиќ му платил 100.000 евра на соиграчот од Јувентус, Никола Фаџоли за да му ги подмири коцкарските долгови.

Влаховиќ му платил на соиграч од Јуве 100.000 евра како би го спасил од коцкарски долгови

Душан Влаховиќ му платил 100.000 евра на соиграчот од Јувентус, Никола Фаџоли за да му ги подмири коцкарските долгови.

Фаџоли е еден од двајцата играчи на Јувентус во тоа време кои беа суспендирани поради учество во игри на среќа на платформи кои се нелегални во Италија.

По детална истрага, обвинителството во Милано уапси пет лица осомничени за организирање нелегална платформа за обложување. Како лица кои раководеле со целата организација и мрежата за незаконски плаќања се споменуваат имињата на Томазо де Џакомо и Патрик Фрицер, пренесуваат италијанските медиуми.

Покрај нив, се истражуваат и постапките на три лица поврзани со фирмата „Елисиум груп“ кои на фудбалерите им овозможиле да ги сокријат долговите и плаќањата преку фиктивни набавки на луксузни часовници и накит. Приходите во моментов се проценуваат на нешто повеќе од 1,5 милиони евра.

Фаџоли, кој во меѓувреме се пресели во Фиорентина, изјави дека во тоа време сè уште бил играч на Јувентус, а дека му помогнале и пријателите и соиграчите, меѓу кои и Федерико Гати и Раду Драгушин, испраќајќи пари преку сметката на „Елисиум“ – со ветување дека ќе им врати со камата.

To top