среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Вилиан: Мислам дека овој клуб заслужува повторно да сјае (ВИДЕО)

Вилиан: Мислам дека овој клуб заслужува повторно да сјае (ВИДЕО)

Вилиан потпиша тригодишен договор со Арсенал, ќе заработува 220 000 фунти неделно. Бразилецот ја потврди дека желбата да остане во Лондон е силна.

Во воведната изјава како играч за Арсенал го издвои неговиот менаџер и историјата на клубот како клучни во донесувањето на одлуката.

„Имаат одличен проект со Микел Артета. Мислам дека овој клуб заслужува повторно да сјае и сакам да бидам дел од овој проект, да бидам дел од семејството на Арсенал е неверојатно.“ – посочи Вилиан.

Предводникот на Арсенал има високи очекувања од Вилиан во новата сезона.

„Тој е карактер кој ни треба во тимот. Тип на играч кој кога работите во натпреварот стануваат тешки, презема одговорност. Ја сака топката и сака да победи заедно со тимот.“ – вели Артета.

Коронавирус