среда, 28. јули 2021. Вести денес: 156
home Фудбал

ВИДЕО: Зидан се уште има „магија“ во нозете

ВИДЕО: Зидан се уште има „магија“ во нозете

Зинедин Зидан моментално е без работа, па има повеќе време да им посвети на своите синови и да заигра некоја партија покрај нив.

Француската легенда се раздели со Реал Мадрид, каде ја заврши втората етапа во клубот. Поранешниот освојувач на „Златната топка“ важи за еден од технички најдобрите фудбалери во историјата.

Колку има „магија“ во своите нозе покажа на последното видео кое кружи на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Z5 Aix-en-Provence (@z5aix)

Името на Зидан се поврзува со кормилото на Франција. Репрезентацијата предводена од Дидие Дешамп го заврши настапот на Европското првенство во осминафиналната фаза, каде се сопна против Швајцарија, по пенал рулетот.

Коронавирус