вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 22
home Фудбал

ВИДЕО: Збогум легендо, Срце јуначко не издржа, Петар Чех заплака на својот последен натпревар

ВИДЕО: Збогум легендо, Срце јуначко не издржа, Петар Чех заплака на својот последен натпревар
Chelsea's Pedro Rodriguez, right, celebrates after scoring his side's second goal during the Europa League Final soccer match between Arsenal and Chelsea at the Olympic stadium in Baku, Azerbaijan, Wednesday, May 29, 2019. (AP Photo/Luca Bruno)

Големиот голман Петр Чех неславно ја заврши сјајната кариера и тоа со натпревар против клубот во кој се прослави.

Фудбалерите на Челзи ја освоија титулата во Лига Европа со уверлива победа над Арсенал од 4:1 во финалето што се играше на Олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан.

Вчерашниот натпревар беше особено значаен за Петр Чех.

За славниот голман роден на 20 мај, 1982 година, ова беше последниот натпревар во професионалната кариера што ја помина во Британија.

Цели 11 години бранеше за Челзи, а пред четири години потпиша токму за Арсенал.

Фудбалскиот свет ќе го памети Чех, не само по одличните одбрани, но и по кацигата што ја носи од 2006 година откако се здоби со тешка повреда на натпревар против Ридинг.

На голот на Челзи и на Арсенал стоеше вкупно 443 пати, а својата мрежа ја има зачувано на 202 натпревари, што е апсолутен рекорд.

Последниот натпревар во кариерата го одигра против својот поранешен клуб и навистина заслужи подобар крај од четири примени гола.

Коронавирус