недела, 26. септември 2021. Вести денес: 23
home Фудбал

ВИДЕО: Захави и Геце диригираа, ПСВ со „петарда“ го понижи Галата во ЛШ

ВИДЕО: Захави и Геце диригираа, ПСВ со „петарда“ го понижи Галата во ЛШ

Екипата на ПСВ Ајндховен гледа кон следната фаза во квалификациите за Лигата на шампионите затоа што на домашен терен со пет гола во мрежата (5-1) го понижи турскиот гигант Галатасарај.

На триумфот на „Филипс Арена“ диригираа двајца играчи. Тоа беа Еран Захави и Марио Геце. Двајцата ги постигнаа петте гола во мрежата на противникот, а исто така еден од нив и асистираше двапати.

Еран Захави беше стрелец на хет-трик, ги даде двата гола во првото полувреме (2-1) како и четвртиот гол, додека Геце беше стрелец на третиот и на петтиот погодок. Единствениот гол за Галатасарај беше дело на Килинч пред крајот на првиот дел.

На останатите натпревари Олимпијакос дома беше подобар од Нефтчи (1-0), Легија ја совлада Флора (2-1), Малме го доби ХЈК (2-1), додека дуелите Мура – Лудогорец и Слован Братислава – Јанг Бојс завршија без голови.

Коронавирус