среда, 18. септември 2019. Вести денес: 33
home Фудбал

ВИДЕО: Валенсија го освои Купот на Кралот, Меси и другарите извисија

ВИДЕО: Валенсија го освои Купот на Кралот, Меси и другарите извисија

Во годината во која што слави 100 години од своето формирање, Валенсија го освои Купот на Кралот, откако во финале играно по 30 степени целзиусови на „Бенито Виљамарин“ во Севиља ја совлада Барселона со 2-1 (1-0). „Лилјаците“ на Марселињо се првата екипа по четири години која успела да ја прекине доминацијата на Каталонците во ова натпреварување.

  • Извештај од натпреварот: 

Валверде се одлучи за Артур од првата минута и Меси Кутињо во нападот, но неиграњето на Тер Штеген и Суарез и тоа како се почувствува. Валенсија со тројца напаѓачи започна многу агресивно и  по грешката на Ленгле, голема шанса во четвртата минута имаше Родриго, но по неговиот удар Пике и пречката ја спасија Барса.

Валенсија очигледно играше со поголем интензитет и по акцијата на Гаја во 21. минута, францускиот напаѓач Гамеиро прими топка на работ од казнениот простор и биеше силна со десната нога, совладувајќи го немоќниот Силесен (0-1).

Следеше нов шок за екипата на Валверде, откако Солер 12 минути подоцна ја проби десната страна и центрираше право на главата на Родриго, а овој само од неколку метри ја закова топката зад грбот на Силесен (0-2).

Дури да се разбуди Меси и Барса скоро и да заврши првиот дел. Аргентинецот и Ракитиќ во последните мигови од првиот дел се заканија со два удари од дистанца, но Хаиме Доменек со фантастични одбрани ја спаси својата екиипа.

На почетокот од вториот дел Валверде ги внесе Малком и Видал и видлив беше засилениот интензитет. Веднаш Меси имаше голема шанса, но пречката беше сојузник на „лилјаците“. По еден час игра се повреди Парехо и на негово место во игра влезе Кондогбија. Марселињо го внесе и Пичини на бековската позиција и целосно фго затвори натпреварот.

Еден корнер од десната страна и висок скок на Ленгле ја врати Барса во натпреварот. Голманот Доменек одби, а Меси од отпадок намали на 1-2. Валверде го внесе и Алења на местото на Ракитиќ и Барса со тројца напаѓачи и Пике како помош при прекините се обиде комплетно да се врати во натпреварот.

Сепак, Валенсија се одбрани и по пет минути надополнување и го освои својот освои Куп на Шпанија, прво по 11-годишна пауза. Марселињо го скрши малерот и првпат во кариерата ја победи големата Барса. Судијата Ундиано Маленко одлично го водеше натпреварот и од вечерва заминува во заслужена пензија од судењето.

Извор: gol.mk