вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Ужас во Африка- комбе во кое се превезувале фудбалери експлодира- најмалку четворица загинати

ВИДЕО: Ужас во Африка- комбе во кое се превезувале фудбалери експлодира- најмалку четворица загинати

Во Сомалија се случила страшна трагедија. Комбе кое превезувало фудбалски тим експлодирало под засега неразјаснети околности. Според досегашните информации, четири фудбалери изгореле во комбето, додека останатите се тешко повредени.

Светските медиуми пишуваат дека станува збор за фудбалскиот клуб Џубаланд од градот Кисмајо, кој се наоѓа на 500 километри од главниот град на Сомалија, Могадишу.

Две верзии има околу причината за оваа трагедија. Првата е дека возилото налетало на бомба која била ставена покрај патот и активирана од далечина, а другата е дека на комбето налетал бомбаш самоубиец.

Жртвите наводно тргнале на локален турнир, а овој бомбашки напад се поврзува со изборот на четири нови сенатори во тој град и милитантната група Ал Шабаб.

Коронавирус