четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 103
home Фудбал

ВИДЕО: Улиците на Загреб гореа, масовна тепачка на БББ и гостите од Полска

ВИДЕО: Улиците на Загреб гореа, масовна тепачка на БББ и гостите од Полска

Динамо Загреб и Легија вечерва ќе се сретнат во рамки од квалификациите за Лигата на шампионите.

Ден пред натпреварот се случи вистински хаос во хрватската престолнина. Гостински навивачи од Полска пристигнаа за да бидат дел од првиот судир. Во местото Дубрава настана масовна тепачка од над 200 навивачи од страна на двете екипи.

Видео камера од еден угостителски објект го сними почетокот на хаосот во Загреб:

Според хрватските медиуми на ова гостување пристигнале членови на групата „ Teddy Boys ’95“, кои се познати по тоа што договараат тепачки со други навивачки групи.

Натпреварот меѓу Динамо Загреб и Легија се игра вечерва на „Максимир“ со почеток од 20:00 часот.

Коронавирус