петок, 13. декември 2019. Вести денес: 130
home Фудбал

ВИДЕО: Украинското дерби прекинато заради расизам, Тајсон со солзи по мајмунските крици

ВИДЕО: Украинското дерби прекинато заради расизам, Тајсон со солзи по мајмунските крици

Ретко виден скандал се случи во дербито од украинскиот шампионат помеѓу Шахтјор Доњецк и Динамо Киев. Имено, натпреварот беше прекинат во 80. минута, откако од секторот на фановите на гостите од Киев стигнаа расистички довикувања и мајмунски крици на адреса на Бразилците Тајсон и Дентињо.

Тајсон со солзи во очите го напушти теренот, а стручниот штаб на Шахтјор не сакаше да продолжи натпреварот.

• Скандалозните расистички извици кон Тајсон и Дентињо:

Откако се смирија страстите и натпреварот продолжи, Тајсон заработи црвен картон, а домаќинот запиша победа од 1-0 со голот на Кривцов во 17. минута.

извор: gol.mk