среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 167
home Фудбал

ВИДЕО: Тони Крос со голчиште ги однесе „Кралевите“ во финале на шпанскиот Суперкуп

ВИДЕО: Тони Крос со голчиште ги однесе „Кралевите“ во финале на шпанскиот Суперкуп

Екипата на Реал Мадрид успеа да слави во полуфиналето против Валенсија (1-3) и е прв финалист во шпанскиот Суперкуп кој оваа година во Саудиска Арабија се игра во нов формат.

  • Извештај од натпреварот:

„Кралевите“ доминираа на теренот и заслужено се пласираа во дуелот за титула каде чекаат на Барселона или Атлетико Мадрид. Валенсија се мачеше, повеќе од 60 минути не го виде голот на противникот затоа што немаше шут во рамки на голот на Куртоа и не заслужи ништо повеќе од елиминација. Мадридскиот тим ќе игра за својата единаесетта титула во натпреварувањето.

Дуелот кој се играше во Доха се отвори во 15. минута. кога Тони Крос го даде еден од најдобрите голови во својата кариера и погоди директно од корнер. Потоа, Иско во 39. минута зголеми на 0-2 откако стрелаше по одбиена топка од дефанзивец, за во 65. минута во листата на стрелците да се запише и Лука Модриќ, за 0-3. Кога сите очекуваа крај, Валенсија постигна почесен гол преку Дани Парехо од пенал.

Второто полуфинале меѓу Барселона и Атлетико Мадрид на програмата е закажано утре (четврток) од 20:00 часот.

 

извор: gol.mk

 

Коронавирус