петок, 23. јули 2021. Вести денес: 117
home Фудбал

ВИДЕО: Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо

ВИДЕО: Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо

Дани Алвес немаше свој најдобар натпревар во дуелот со Реал Мадрид и едноставно постојано имаше проблеми на десната страна со супер расположениот Асенсио, а фактот што неговиот тим никако не успеваше да наметне иницијатива против Реал Мадрид, најверојатно го натера Бразилецот да изведе еден срамен и уличарски потег кој ги згрози шпанските медиуми.

Во еден момент од мечот, односн при еден дуел со Роналдо, десниот бек си го исекна носот и остатоците на раката си ги избриша од ракавот на Кристијано, а со оваа своја реакција предизвика бура од реакции во Шпанија и исклучително негативни коментари на социјалните мрежи.

Алвес дефинитивного покажа своето најлошо лице во дадената ситуација, а иако не беше казнет од судијата кој не можеше да го види овој потег, доби казна од самиот Кристијано кој со постигнатиот гол имаше значаен удел во новата победа на „кралевите“ против ПСЖ.

Коронавирус