четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Сон останува играч на Тотенхем уште четири години

ВИДЕО: Сон останува играч на Тотенхем уште четири години

Напаѓачот Сон Хеунг Мин ја прифати понудата од премиерлигашот Тотенхем за продолжување на договорот.

Лондонскиот премиерлигаш денеска објави дека новиот договор со 29-годишниот фудбалер од Јужна Кореја е со важност до крајот на јуни 2025 година.

Сон е член на Тотенхем од летото 2015 година. Во сезоната 2020/21, напаѓачот одигра 51 натпревар за Спарс, постигна 22 гола и 17 асистенции.

На 18 јули беше објавено дека напаѓачот ќе добие 12 милиони евра годишно според новиот договор.

Коронавирус