недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Сон има големо срце, направи нов потег со кој го одушеви светот

ВИДЕО: Сон има големо срце, направи нов потег со кој го одушеви светот

Хјонг Мин Сон, корејскиот фудбалер кој настапува за Тотенхем, уште еднаш го одушеви светот со своја постапка и докажа дека е голем човек.

Сон се најде во фокусот на вниманието затоа што по еден старт го повреди Андре Гомез, ситуација по која Кореецот прсна во плач. Потоа, тој јавно се извини за повредата, потег што наиде на одушевување кај сите.

Но, тој направи уште еден голем гест, пред натпреварот против Шефилд Јунајтед. Во Лондон времето беше дождливо, а Сон забележа дека едно од децата се чувствува лошо. Затоа, реши да ги стави неговите дланки врз главата на детето, за да го штити од дождот.

Љубителите на спортот јавно на социјалните мрежи го поздравија потегот на Кореецот.

извор: gol.mk