Целиот свет едвај чека да се случи нешто во кариерите на Кристијано Роналдо и Лионел Меси за да добие нова причина повторно да зборува за споредбата меѓу нив двајца.
Најчесто се користат бројките како факти и показатели за разликата помеѓу нив, но сега на Интернет се појави видео кое прикажува сосема неочекуван аспект.
Некој се потрудил да направи споредба на најдобрите фудбалери во светот кога се наоѓаат во иста ситуација, поточно кога на нивните соиграчи им треба лидер и поддршка.
За тоа беа искористени тешките моменти на Аргентинецот кога Барселона беше елиминирана од Рома во Лигата на шампионите и лошата вечер кога Реал Мадрид за малку ќе доживееше голем срам против Јувентус на домашен терен.
Погледнете ја нивната реакција и точно ќе ја видите разликата меѓу Роналдо и Меси:
Извор: gol.mk
Messi and Cristiano’s reactions to the goals they conceded against Juve and Roma. Cristiano’s a proper leader of men. pic.twitter.com/tOhU2gHdpT
— Emmanuel Tapsoba (@emmanutapsoba) April 13, 2018