недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 65
home Фудбал

ВИДЕО: Снема струја во најлош момент, фудбалер не знае дали погоди пенал или не

ВИДЕО: Снема струја во најлош момент, фудбалер не знае дали погоди пенал или не

Досега невиден момент доаѓа од фудбалски натпревар на Малта. Се играше 62. минута од мечот меѓу Ст. Ендрјус и Марса кога целиот остров остана без струја.

Мечот беше одложен, а федерацијата најави дека истиот ќе биде доигран од минутата кога беше прекинат. Меѓутоа постои една дилема на која сè уште нема одговор.

Гостите шутираа пенал и додека топката патуваше кон домашната мрежа, настана тотален мрак. Останува да се види дали пеналот одново ќе биде изведен или ќе биде донесена друга одлука.

Извор: ГОЛ.МК

Коронавирус