среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 25
home Фудбал

ВИДЕО: Синиша Михајловиќ се обрати по хемотерапијата, ги откри сите детали за лекувањето, па испрати силна порака

ВИДЕО: Синиша Михајловиќ се обрати по хемотерапијата, ги откри сите детали за лекувањето, па испрати силна порака

Легендарниот српски тренер, Синиша Михајловиќ, кој ја води Болоња, одржа прес-конференција првпат откако пред медиумите соопшти дека боледува од леукемија.

Михајловиќ се појави пред новинарите заедно со лекарот и ги соопшти деталите по завршните циклуси на хемотерапија. Тој истакна дека зад него се четири тешки месеци.

-Имав проблеми и со храната. Изгубив чувство за вкус. Добивав храна „преку вена“. Пред влегувањето во болница една од мааните ми беше тоа што отсекогаш сум бил нетрпелив. Сега кога излегов сфатив дека трпението е една голема доблест. Секој ден се трудам да вдишам нов живот. Не сакам веќе да се зборува за Михајловиќ кој боледува од леукемија, туку за Михајловиќ кој е тренер на Болоња. Секој на некој начин бев во контакт со клубот, дали преку Скајп или други контакти, бев присутен. Сакам да видам една успешна Болоња, да му се вратам на фудбалот. Не сакам да се враќам во болница, сакам да се будам дома, да размислувам за позитивни работи, искрено говори Михајловиќ.

Миха додава дека борбата е тешка, но нема да се откаже додека не го нокаутира противникот.

-Не смеете да се откажете, мора да бидете силни, да заплачете ако треба. Тоа е една болест, која кога ќе влезете во сето тоа мора да издржите до крај. Нема назад. Никогаш не загубив волја, тоа е во мојата ДНК. Постојат многу компликации, но мора да се бориш. Опасноста и стравот постојат, но не се откажувам. Излегував на терен, тоа ми даваше сила, иако имав чувство на слабост. Тоа се тешки моменти. Секое утро мора да пијам многу лекови, но тоа е цената на здравјето, вели Синиша.

Тренерот на Болоња им се заблагодари на сите кои му помогнале во овој период. Не можеше да си сокрие солзите кога почна да зборува и за семејството.

-Се што видов на стадионите и во светот на фудбалот, направи да се чувствувам заштитено. Се почувствував како дел од големо семејство, им благодарам на навивачите и тимовите во кои играв и ги тренирав. Пред се им благодарам на навивачите на Болоња, се почувствував дека сум им брат, син. Му благодарам на моето семејство. На мојата единствена сопруга Аријана, на моите деца. Мојата борба против леукемијата беше посветена на моето семејство, моите деца. Тие се уште се млади, јас сум им потребен. Бев силен поради мојата мајка и брат кои се во Србија. додава Михајловиќ.

Синиша беше изненаден од присуството на играчите кои дојдоа на прес-конференцијата да му дадат поддршка. Во еден момент тој се пошегува со нив дека наместо во салата, треба да бидат на теренот и да го одржат тренингот.

-Се  ќе направите да го избегнете тренингот, се пошегува Синиша со играчите.

-Ни недостасуваше многу, многу сме среќни што си пак со нас. Знаеме дека не си среќен поради нашите последни натпревари, но ќе се обидеме тоа да го поправиме, му порача Блерим Џемаили.