четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Фудбал

ВИДЕО: Симулирање на мечот Јувентус-Порто на кое и коментаторот се насмеа!

ВИДЕО: Симулирање на мечот Јувентус-Порто на кое и коментаторот се насмеа!

Порто во драматичен реванш го елиминираше Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Португалците во Торино стигнаа со предност од 2:1, а после 90 минути на возвратната пресметка водеше Јуве со ист резултат, па се играа продолженија. Двата тима постигнаа уште еден погодок во додатните 30 минути и на крајот Порто се пласираше во следната фаза поради поголем број на голови на гостински терен.

На синоќешниот дуел Порто се обидуваше на секаков начин да украде нешто од судиското време, а во тоа посебно се прослави српскиот играч за врска, Марко Грујиќ. Влезе во игра во 90 минута, а пред крајот на продолжението се проби по десната страна и се избори за прекршок.

Во тие моменти тоа му одговараше на Порто, Грујиќ да остане на тревата што е можно подолго, тој се стркала скоро половина минута, а една од камерите го сними како го прави тоа со насмевка, како ѕирка низ прстите.

Снимката од симулацијата на Србинот стана хит на Интернет затоа што многу наликува на симулацијата на Серхио Бускетс од Барселона во 2010 година против Интер, кога тој гледаше низ прстите за да види дали Тијаго Мота од италијанскиот клуб ќе добие исклучување.

Локални избори 2021