понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 87
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Видео: Шокантна снимка, познат фудбалер доби шлаканица и падна од столица

Видео: Шокантна снимка, познат фудбалер доби шлаканица и падна од столица

Фудбалерот на Динамо Киев, Артем Беседин доби брутална шлаканица и падна на земја.

Во украинските медиуми се појави видео направено пред 4 години во кое фудбалерот Беседин може да се види во алкохолизирана состојба во лошо друштво.

Еден од лошите „момчиња3 по вербална расправија на фудбалерот Беседин му удира силна шлаканица од која фудбалерот на Динамо Киев паѓа на под.

Според украинските медиуми Беседин во тоа време бил пред бркање од Динамо поради тоа што се движел во лошо друштво и често бил пијан.

Во негова заштита застанал тогашниот тренер на Динамо Киев , Сергеј Ребров кој на Беседин му ја спасил кариерата и го направил репрезентативец. Но, Беседин во меѓувреме повторно си направил проблем.

Во февруари Беседин е суспендиран од страна на УЕФА поради позитивен допинг тест по мечот против Малме.

Коронавирус