петок, 23. август 2019. Вести денес: 8
home Фудбал

ВИДЕО: Сеирџиите пак во акција, Игуаин исмејуван по спринт дуелот со Роналдо!

ВИДЕО: Сеирџиите пак во акција, Игуаин исмејуван по спринт дуелот со Роналдо!

По едногодишната позајмица во Милан и Челзи, Гонзало Игуаин се врати во редовите на Јувентус и веќе е дел од тренинзите на екипата.

Италијанскиот шампион под водство на новиот стратег Маурицио Сари пред неколку дена ја стартуваше својата нова ера, а интернет сеирџиите како едвај да чекаа и „удрија“ по аргентинскиот ас.

Причината за тоа е вежбата од денешниот тренинг во која доаѓа до израз спринтерските способности. Игуаин немаше многу среќа во оваа вежба, затоа што по него стартуваше Роналдо и веднаш можеше да се забележи дека Португалецот е во далеку подобра физичка подготвеност.