четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 121
home Фудбал

ВИДЕО: Рим повторно во солзи, „волчицата“ се прости од својот капитен

ВИДЕО: Рим повторно во солзи, „волчицата“ се прости од својот капитен

Од навивачите на Рома вчера се прости легендарниот Даниеле Де Роси.

Драматичната завршница во Серија А го стави во втор план простувањето на Даниеле Де Роси од Рома.

Капитенот на „волчицата“ кој во таа улога против Парма вчера го одигра последниот натпревар во кариерата за Рома. Во клубот кој израсна помина 18 сезони и одигра 615 натпревари во сите натпреварувања. Во текот на кариерата беше најголем пријател со Франческо Тоти кој не ги криеше емоциите поради заминувањето на неговиот наследник.

Ќе потсетиме, Де Роси одлучи да замине од клубот откако во Рома не му понудиле нов договор. На Де Роси му била понудена директорска функција, но тој таа ја одби со образложение дека се уште се гледа себе си како фудбалер.

Коронавирус