понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 135
home Фудбал

ВИДЕО: Реал е моќен сезонава, „кралевите“ броеја до шест против Мајорка

ВИДЕО: Реал е моќен сезонава, „кралевите“ броеја до шест против Мајорка

Фудбалерите на Реал Мадрид уште еднаш демонстрираа дека со Карло Анчелоти на клупата, тие се вистинска гол машинерија.

„Кралевите“ во шестото коло од Ла Лига со 6:1 ја декласираа Мајорка, а во главната улога беше фудбалерот кој изминатиот период , Марко Асенсио.

Гол серијата ја отвори Карим Бензема во третата минута, по што на сцена стапи Асенсио кој ги постигна следните три гола во 24., 29. и 55. минута. До крајот на средбата Реал постигна уште два гола преку Бензема и Иско, додека почесниот гол за Мајорка го даде Ли Канг-Ин.

Сои убедливиот триумф, „кралевите“ се вратија на лидерката позиција на табелата со 16 бода,два повеќе од Атлетико Мадрид и шпет повеќе од Севиља.
Убедливи триумфи на домашен терен остварија и Виљареал кој со 4:1 го победи Елче како и Севиља која беше поуспешна од Валенсија со 3:1.

Резултати:

Еспањол – Алавес 1:0
Севиља – Валенсија 3:1
Реал Мадрид – Мајорка 6:1
Виљареал – Елче 4:1

Локални избори 2021