четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Фудбал

ВИДЕО: Првите татко и син кои дале голови на ЕУРО

ВИДЕО: Првите татко и син кои дале голови на ЕУРО

Прекрасна историја ги врзува Евро 1996 и Евро 2020.

Федерико Кјеза го отвори резултатот во полуфиналето на Европското првенство – постигна преубав гол по контрата против Шпанија. Сега сјајниот крилен напаѓач на Јувентус има два гола на Европското а вкупно во неговото семејство три гола на вакви големи турнири.

Пред 25 години, исто во Англија гол на Европско постигна татко му – легендарниот Енрико Кјеза.

Федерико и Енрико станаа први син и татко кои дале гол на Европско првенство уште пред неколку дена кога Феде даде злато важен погодок против Австрија во 1/8 финале: влезе во 84’ минута од клупата кога Италија не играше баш добро и постоеше ризик од сензација.

Татко му пак, Енрико Кјеза кој на времето се прослави во Парма, за репрезентацијата на Италија прослави гол на Евро 1996 на меч од групна фаза против Чешка во Ливерпул на „Енфилд Роуд“.

Временската разлика од тој гол до овој синоќа на Федерико на „Вмебли“ е цели 9.144 дена! 25 години и 12 дена!

„Не можам со зборови да ги опишам чувствата. Просто лудо е да се игра за својата земја на овој турнир. А што се однесува до голот, само што видов повторена снимка, бев смирен, ја наместив топката наместо да шутирам волеј како што некогаш ти доаѓа и да го промашиш голот“, изјави Кјеза по голот со Австријците во Рим.

Италија на Евро 1996 заврши уште во групна фаза каде пред првото место го освои Германија со 7 бода а Чешка беше втора со 4 бода колку што имаа и Аѕурите но во меѓусебниот дуел Чесите беа подобри и славеа 2:1 токму на мечот на кој Кјеза-постариот даде гол.

Сега син му Федерико тргнува по златото со сјајната Италија. Во финале на „Вембли“.

Локални избори 2021