четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 227
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Фудбал

ВИДЕО: Првиот конфликт на Сари и Роналдо

ВИДЕО: Првиот конфликт на Сари и Роналдо

Италијанскиот шампион Јувентус загуби од Тотенхем со 2-3 во првиот натпревар од турнејата во Интернационалниот куп на шампиони, со гол во последните минути од натпреварот на Хари Кејн од половина терен.

Иако резултатот беше во втор план, тренерот на „старата дама“ Маурицио Сари и првата ѕвезда на тимот Кристијано Роналдо влегоа во меѓусебен конфликт, пренесуваат медиумите на Апенините. Во моментите кога Роналдо излегувал од теренот искусниот стратег нешто му дофрли, а тој му возврати на истиот начин. Иако не се знае за што била расправата медиумите во Италија пренесуваат дека сигурно не е се идеално во италијанскиот гигант.

Маурицио Сари ќе има голем притисок сезонава бидејќи цела Италија очекува Јувентус конечно да стигне до трофејот во Лигата на шампионите.

ИЗВОР: ЕКИПА.МК

Парламентарни избори 2020