недела, 16. декември 2018. Вести денес: 33
Во живо

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

home Фудбал

ВИДЕО: Продолжува црната серија на италијанската фудбалска репрезентација

ВИДЕО: Продолжува црната серија на италијанската фудбалска репрезентација

Фудбалската репрезентација на Италија не успеа да забележи победа ниту на петтиот натпревар по ред, откако синоќа во Џенова одигра нерешено 1:1 со Украина.

Стрелци на пријателскиот дуел беа Федерико Бернардески во 55. минута за домаќините и Руслан Малиновски во 62. минута за Украинците.

Италија ваква серија од пет средби без победа нема уште од сезоната 2011/12.

Следна шанса да ја прекинат црната серија „Азурите“ ќе имаат в недела кога гостуваат во Полска во дуел од Лигата на нации.