четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 182
home Фудбал

ВИДЕО: Познат наследникот на Меси, „десетката“ на Барса доби нов сопственик

ВИДЕО: Познат наследникот на Меси, „десетката“ на Барса доби нов сопственик

По завршувањето на летниот трансфер период и заминувањето на Лионел Меси, Барселона ја претстави својата нова „десетка“.

Дресот со број десет во иднина ќе стои на грбот на младата ѕвезда на каталонскиот тим Ансу Фати, кој на еден начин ќе стане наследник на Лионел Меси. Славната бројка остана празна по неочекуваното заминување на Меси во ПСЖ. Тамошните медиуми секојдневно шпекулираа кој ќе биде неговиот наследник, а на крај раководството на клубот реши да му ја додели на младиот Фати.

Ансу Фати за првиот тим на Барселона дебитираше на неполни 17 години, а својот прв гол го постигна на возраст од 16 години и 304 дена. Тој е најмладиот стрелец во историјата на клубот и третиот најмлад во историјата на Примера. Минатата сезона поради сериозна повреда беше надвор од стројот на Куман, но е подготвен да се врати во голем стил.

Локални избори 2021