четврток, 5. август 2021. Вести денес: 95
home Фудбал

ВИДЕО: По Роналдо и Погба тргна шише на прес конференција, еве кој пијалак не му се допадна

ВИДЕО: По Роналдо и Погба тргна шише на прес конференција, еве кој пијалак не му се допадна

Фудбалерот од средниот ред на Франција, Пол Погба, не беше задоволен што шише пиво „Хајнекен“ се најде на маса на прес-конференција по натпреварот од ЕП 2020 со Германија (1:0).

Фудбалерот дојде да разговара со новинарите и кога го здогледа шишето пиво, го зема и го стави под масата, оставајќи пред него две шишиња, со вода и со „Кока-Кола“.

За потсетување, Погба е муслиман. Оваа религија забранува употреба на алкохол.

Претходно, напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо веќе направи сличен чин. На прес-конференција пред мечот со Унгарија, 36-годишниот фудбалер ги тргна шишињата „Кока-Кола“ од пред него, оставајќи само шише со вода.

Коронавирус