петок, 24. септември 2021. Вести денес: 128
home Фудбал

ВИДЕО: Пепе одново игра „валкано“ – Коатес доби аперкат, судијата остана нем

ВИДЕО: Пепе одново игра „валкано“ – Коатес доби аперкат, судијата остана нем

Дефанзивецот на Порто, Пепе, одново направи потег кој му го носи епитетот „валкан играч“.

Дербито против Спортинг го одбележаа жолтите картони и грубата игра. На крај пленот беше поделен, а гостите имаа среќа што уште во првиот дел не останаа со играч помалку.

Португалскиот фудбалер со аперкат го удри Себастијан Коатес, а судијата за овој потег не му даде никаква опомена.

Ударот на Пепе во дуелот со Коатес:

Фановите се згорзени од оваа реакција на Пепе, кој се чини дека никогаш нема да се промени кога ќе се појави на фудбалскиот терен.

Коронавирус