среда, 2. декември 2020. Вести денес: 195
home Фудбал

ВИДЕО: Овации за Елмас пред почетокот на тестот против Кремонезе

ВИДЕО: Овации за Елмас пред почетокот на тестот против Кремонезе

Тренинг центарот на Наполи во Дамаро е претесен да го види тимот на Карло Анчелоти и новајлиите Манолас и Елмас. Македонскиот репрезентативец со аплаузи и овации од трибините беше дочекан кога се појави на тревникот. Нашиот „бисер“ го носи дресот со број 12 на неофицијалните дресови на Наполи.

Елмас е на клупата за резерви и неизвесно е дали Анчелоти ќе му даде шанса на натпреварот со второлигашот Кремонезе.

Наполи (почетен состав):
Марет, Хисај, Кирикеш, Манолас, Гулам, Гаетано, Зиелинки, Мертенс, Инсиње, Милик

Македонскиот ас денес го комплетира трансферот и стана најскапиот фудбалер од нашата земја било кога продаден во интернационален клуб.

Извор: gol.mk

 

 

 

Коронавирус