сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

(ВИДЕО) Неверојатно е што „погоди“ Левандовски

(ВИДЕО) Неверојатно е што „погоди“ Левандовски

Роберт Левандовски ќе биде меѓу најголемите sвезди на Европското првенство и е главната надеж на Полјаците на континенталниот турнир.

Левандовски зад себе има уште една нереална сезона. Тој успеа да го сруши рекордот на Герд Милер по бројот на постигнати голови во една сезона во Бундеслигата со 41 постигнат погодок.

Одличниот голгетер има навистина прецизен удар и скоро не промашува никакви шанси, но она што успеа да го стори на тренингот на Полска е тешко да се повтори.

Имено, Левадовски упати удар кон едно од луѓето зад голот, кој со својот мобилен телефон ги снимаше навивачите на трибините.

Топката доби таква траекторија што погоди директно во целта, а мобилниот телефон заврши на подот. И додека еден од голманите се фати за главата, Левандовски само се смееше.

Коронавирус