вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Неверојатна пречка на Пандев од 40 метри, Интер си постигна комичен автогол

ВИДЕО: Неверојатна пречка на Пандев од 40 метри, Интер си постигна комичен автогол

Екипата на Џенова води со 1-0 против Интер по првиот дел во последниот денешен меч во Серија А и тоа со луд комичен автогол кој уште долго ќе се врти на телевизиските екрани и на интернет.

Истиот беше во режија на дефанзивната централна двојка Шкриниар и Ранокија која во 45 минута успеа на необичен начин да го измами голманот Хандановиќ.

Претходно, капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев по само 11 минути игра можеше да ја донесе Џенова до водство од 1-0 во 25. коло од Серија А против „својот“ Интер.

На дуелот кој во моментов се игра во Џенова, Пандев во 11. минута нафрлувајќи пред голот на „нераѕурите“ од околу 40 метри за малку ќе го „шокираше“ голманот на гостите Хандановиќ. Топката пред голот на Интер незгодно отскокнувајќи го изненади Хандановиќ но заврши само во гредата…