сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 91
home Фудбал

ВИДЕО: Несторовски продолжува да „решета“, стави точка на убедлива победа на Палермо

ВИДЕО: Несторовски продолжува да „решета“, стави точка на убедлива победа на Палермо

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски постигна уште еден погодок за Палермо оваа сезона во италијанската Серија Б. Тој синоќа на гостувањето во Карпи погоди во 75.минута за конечни 3:0 за клубот од Сицилија.

За Несторовски ова беше петти погодок на девет натпревари одиграни досега оваа сезона.

Вториот македонски репрезентативец кој настапува за Палермо, Александар Трајковски не играше против Карпи поради црвен картон добиен во минатата рунда.

Палермо со новите три бода се искачи на втората позиција на табелата со 18 бода, еден помалку од Пескара, но и натпревар помалку.

Коронавирус