среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Несторовски не му дозволува на Јувентус да слави титула, прекрасен гол на Македонецот

ВИДЕО: Несторовски не му дозволува на Јувентус да слави титула, прекрасен гол на Македонецот

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го тресна и шампионот на Италија Јувентус. Пред неколку недели и даде гол на Рома на „Олимпико“, вечерва ја затресе мрежата на Шчесни за 1:1 на дуелот меѓу неговиот Удинезе и Јувентус.

Јувентус со победа би се закитил со „скудетото“, но Нестор, барем засега, не им дозволува на Роналдо и другарите да се радуваат.

Инаку ова е трет гол на македонскиот голгетер во дресот на Удинезе сезонава. Освен на Јуве и Рома и даде гол и на Сампдорија во ноември минатата година.

Коронавирус