вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Фудбал

ВИДЕО: Наполи го растури Лацио во вечерта посветена на Марадона

ВИДЕО: Наполи го растури Лацио во вечерта посветена на Марадона

Во последниот натпревар од 14 коло во Серија А, Наполи на домашен терен со 4:0 го декласира Лацио во вечерта посветена на легендарниот Диего Марадона.

Три дена по годишнината од смртта на Марадона, по кого стадионот во Неапол го носи името, управата на тимот постави статуа на славниот Аргентинец, а вечерта ја збогатија и фудбалерите на Наполи со убедливиот триумф над Лацио од 4:0.

Наполи уште во седмата минута ја најави победата, одбиена топка дојде до Пјотр Зјелински кој шутираше од прва и го матира голманот на Лацио, Пепе Реина.

Само три минути подоцна, Наполи поведе со 2:0 по голот на Дрис Мертенс. Потоа следеа моменти во кои гостите имаа шанси, но не ги искористија и беа казнети во 29 минута со вториот гол на Мертенс. Точна на натпреварот стави Фабијан Руиз со голот во 85 минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 64 минута на местото на Ирвинг Лозано.
Со триумфот, Наполи се искачи на лидерското место на табелата со 35 бода, три повеќе од Милан кој денеска загуби од Сасуоло со 1:3.

Претходно, екипата на Рома со голот на Тами Абрахам го совлада Торино со минимални 1:0 и се искачи на петтото место на табелата со 25 бода.

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Коронавирус