сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 92
home Фудбал

ВИДЕО: Мурињо задоволен по анулирањето на двата гола негатива

Манчестер Јунајтед синоќа избегна пораз од Барнли со гол постигнат во судиското надополнување за конечни 2:2, откако гостите по 36 минути водеа со 2:0.
ВИДЕО: Мурињо задоволен по анулирањето на двата гола негатива

– Моравме да победиме, ама јас сум задоволен од начинот на кој играчите играа, како реагираа по водството на противникот. Тие се бореа и немам што да замерам. Искрено сум благодарен за нивниот дух, рече Мурињо по натпреварот.

По влегувањето на Лингард и Михтарјан, „црвените ѓаволи“ многу подобро играа.

– И двајцата беа одлични. Доминиравме во вториот дел, а играчите го прифатија ризикот да играат со само еден одбранбен играч. На крајот, бод е најмалку што заслужуваме.

Манчестер Јунајтед со 43 бода е на второто место во табелата во Премиер лигата. Во следното коло на „Олд Трафорд“ доаѓа Саутемптон на 30 декември.

Коронавирус