петок, 24. септември 2021. Вести денес: 128
home Фудбал

ВИДЕО: Моментот кога силниот удар на Роналдо заврши во главата на редарката

ВИДЕО: Моментот кога силниот удар на Роналдо заврши во главата на редарката

Кристијано Роналдо постигна погодок во поразот од Јанг Бојс на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите.

Пред мечот, најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед упати еден силен удар на загревањето, кој несакајќи заврши во главата на една редарка. Инцдентот стана популарен на социјалните мрежи, а се појави и видео од моментот кога топката удри во девојката, која во тој момент беше зад голот на премиерлигашот.

Португалецот забележа дека нешто не е во ред, па ѝ пријде на девојката, која падна и доби помош од колегите. За да ја утеши, гостинскиот фудбалер ѝ го подари својот дрес од мечот, по излегувањето во второто полувреме.

Коронавирус