Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на Јувентус, влезе во кавга со Алесандро Флоренци за време на дерби-дуелот меѓу Рома и „бјанконерите“ на „Олимпико“ во Рим.
Португалецот влезе во вербален дуел, а потоа реши да го исмева противникот. Роналдо се мајтапеше со Флоренци, поради неговата висина и го навлече гневот кај сите навивачи на „римската волчица“.
- Кавгата на Кристијано Роналдо и Алесандро Флоренци:
Ronaldo mocking Florenzi’s height looooool. Proper Gunman.pic.twitter.com/Uig4RtzvOd
— Hamza (@Ronaldoversesx) May 12, 2019
Сепак, Флоренци не остана должен, затоа што потоа постигна гол и ја најави победата на Рома над Јувентус која го остави тимот од Рим во игра за местата кои водат во Лигата на шампионите.
Извор: gol.mk